Владината кампања за зголемување на наталитетот зема замав. По бројните рекламни спотови во печатените и електронски медиуми,  кампањата сега се спушта директно меѓу граѓаните.

Натпис „Секој треба да има три деца“ затекнавме на  врата од лифт во една од кулите во центарот на Охрид.  Некој сметал дека така можеби ќе ги инспирира граѓаните веднаш да се фатат на работа, ионака лифтовите се познати љубовџиски места.


Секој треба да има три деца!?

Како тргнала работава не е чудо утре на врата некој да ви затропа и да ве потсети дека треба да имате трето дете. Да се разбереме не дека кампањата е лоша, но начинот на кој се промовира малку е несоодветен. Во лифт не влегуваат само потенцијални родители, туку и лица со хендикеп и луѓе кои не можат да имаат деца. Нив не треба да им објаснувате дека треба да имаат потомство затоа што тие тоа го сакаат повеќе од се.

Горан Момироски