Натпреварите во петте третолигашките региони се прекинати и првенството нема да се доигра. Причините се мерките, протоколите и задолжителното ПЦР тестирање на фудбалерите, стручниот штаб и логистиката пред секој натпревар, што е финансиски неиздржливо за екипите од Третите македонски фудбалски лиги.
Во западната конференција каде припаѓаат три региони за влез во Втората лига-запад ќе се игра бараж. Дел од трите екипи кои ќе се борат за две места е составот на Воска Спорт. Ривали на Воска Спорт во баражот се Беса и Фортуна. Од Втората лига-запад отпаднаа Дрита и Вардар Форино додека Скопје обезбеди прволигашка промоција. Шанса за влез во Првата лига има и Охрид кој преку бараж ќе брка билетот за статус во елитната фудбалска лига.
Во источната конференција каде има два региони, туку лидерите на табелата пред прекинот на првенствата ќе влезат во Втората МФЛ-исток. На второлигашите на истокот ќе им се приклучат Ломотива и Детонит.
Датумот за бараж натпреварите не е определен, но сигурно ќе биде во најскоро време, бидејќи фудбалска сезона е речиси пред самиот крај.
OhridNews