Струга ќе биде домаќин на третото издание на Преспа форумот за дијалог, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни и се совпаѓа со петгодишнинатата од потпишувањето на Преспанскиот договор. Фокусот ќе биде на потребата од обединетост и стабилност на Европа и можностите за забрзана интеграција на останатите држави од континентот во Европската унија.

Премиерот Димитар Ковачевски, како покровител на форумот, ќе ја предводи централната сесија на конференцијата „Пет години Перспански договор – предизвици кои создаваат можности“.

Руската агресија во Украина не потсети на потребата од обединета Европа посветена на заштита на нејзините вредности и интереси. Не постои релевантна научно политичка мисла која не ја става темата на обединета Европа како клучен фактор за обединетост и стабилност на континентот пресликан преку зајакната и забрзана интеграција на останатите земји од континетот во ЕУ. На овогодинешниот форум ќе разговараме колку е возможно оваа мисија да биде исполнета до крајот на оваа декада или проширено европско семејство до 2023 година, рече денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој најави широка листа на гости од кои очекува продуктивни разговори и сериозни пораки пред се наменети за регионот во широк европски контекст.

Како гости се потврди шефови на држави и влади, меѓу кои, новиот претседател на Црна Гора, претседателот на Хрватска, на Албанија, премиери од регионот, министри за надворешни работи и Европа на Хрватска, на Ирска, на Чешка, меѓународни претставници, меѓу кои заменикот на генералните секретари на ОН и на ОБСЕ, новата директорка на ИОМ, високи претставници на бројни тинк тенк организации, најави Османи, дополнувајќи дека се предвидени видео обраќања и на генералниот секретар на НАТО и претседателот на Европскиот совет.

Како што посочи Османи, по изданијата во Охрид и Преспа, годинава Преспа форумот за дијалог ќе се одржи во Струга, градот на поезијата и мостовите, што се препознатлив мотив на форумот во чија суштина е изградба на мостови за заеднилка иднина.

Со изборот на Струга оваа година ја признаваме богатата историја на културна размена на градот и уште повеќе ја додававаме Струга на Охрид како два града кои не се само симболи на Охридското Езеро, туку и места кои инспирираат Отворен дијалог и продуктивни дискусии, рече Османи.

OhridNews