Џорџ П. Буш, внукот на поранешниот американски претседател Џорџ Буш и на исто така поранешниот претседател Џорџ В. Буш, ја заврши првата потребна етапа за идната кандидатура за изборите во Тексас, пренесува „Макфакс“.

Како што  пишуваат американските медиуми, Џорџ П. Буш во етичката комисија на американската сојузна држава Тексас и’ го предал формуларот за именување за благајник на кампања, што претставува етапа којашто и’ претходи на секоја политичка кандидатура во државата, наведува политичкиот магазин The New Republic.

Триесет ишестгодишниот републиканец Џорџ П. Буш сé уште не открил за кое место има намера да се кандидира, меѓутоа неговото најавено влегување во американската политичка арена и’ гарантира континуитет на една од најмноќните и највилјателни американски политички династии.

Џорџ П. Буш е син на Џејб Буш, поранешниот гувернер на сојузната држава Флорида, кој се споменува како можен претседателски кандидат на Републиканската партија за изборите во 2016 година.

Инаку Џорџ П. Буш  половина со латино потекло, бидејќи неговата мајка е Мексиканка. По поразителните резултати на републиканскиот претседателски кандидат на штотуку завршените избори меѓу гласачите од латино заедница, со само 27 отсто од гласовите од вкупниот број гласови од оваа заедницана етничка американска заедница, републиканците најверојатно активно бара личности коишто ќе може да ги привлечат избирачите од ова гласачко тело.

OhridNews
извор:„Макфакс“