На инфективните оддели во болниците во Охрид има 135 пациенти со Ковид 19, многу од нив се во тешка здравствена состојба.

Во Ковид центарот во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ во Охрид има 35 пациенти, што е максимум oд капацитетите за оваа намена во болницата.

Речиси сите се со тешка форма на Ковид 19 и на кислородна поддршка, информира Д-р Елена Коваческа Башуроска, директорка на болницата.

Во Ковид центарот во Општата болница во Охрид се лекуваат 100 пациенти со Ковид 19. И таму најголемиот дел се на кислородна поддршка и со сериозна клиничка слика.

Во моментов 70 од хоспитализираните пациенти во нашата установа се на кислородна поддршка. Само во изминатото деноноќие потрошени се 143 боци со кислород, – изјави за OhridNews, директорот на Општата болница, Д-р Горан Балевски.

На инфективните оддели во болниците во Скопје се хоспитализирани  вкупно 668 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19, а во градовите од внатрешноста има уште 869 пациенти со коронавирус.

 

OhridNews