Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.174 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи со Ковид-19, од кои 43 во Охрид. Најмногу нови случаи и денеска има во Скопје – 580, а двоцифрен број заразени регистриран е и во Битола – 113, Куманово – 75, Прилеп – 59, Велес – 50, Кавадарци – 41, Тетово – 38, Гостивар – 36, Струмица – 32, Штип – 31, Кочани – 30, Гевгелија – 27, Ресен – 24, Кичево – 22, Радовиш – 14, Струга – 13, Берово – 12, Неготино – 10, Крива Паланка и Валандово – по 9, Виница – 8, Богданци – 7, Делчево – 6, Свети Николе и Македонски Брод – по 5, Дебар, Пробиштип, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево – 3, Кратово и Пехчево – по 1.

Пријавени се вкупно 50 починати лица: 19 од Скопје (95г, 92г, 86г, 84г, 81г, 80г, 80г,7 8г, 76г, 75г, 73г, 73г, 70г, 70г, 68г, 62г, 61г, 60г, 58г), 4 од Кичево (63г,62г,56г,53г), по 3 пациенти од Куманово (74г,74г,56г), Битола (73г,69г,55г), и Штип (82г,67г,53г), по 2 од Прилеп (82г,53г), Велес (77г,70г), Струмица (84г,74г) , Кочани (66г,63г) и Крива Паланка (77г,53г), а по еден пациент е пријавен од Тетово (46г), Гостивар (65г), Кавадарци (65г), Охрид (58г), Струга (72г), Неготино (62г) и Ресен (76г). 46 пациенти се починати во болнички услови, додека четири пациенти се починати во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 457 оздравени пациенти од: Скопје – 133, Прилеп – 46, Кавадарци – 35, Куманово – 34, Велес – 22, Гостивар – 20, Штип – 19, Тетово и Неготино – по 18, Битола, Гевгелија и Струмица – по 15, Кочани – 12, Кичево – 8, Свети Николе – 7, Берово – 6, Радовиш и Пробиштип – по 5, Ресен, Делчево и Виница – по 4, Валандово – 3, Крива Паланка, Демир Капија и Македонски Брод – по 2, Охрид, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Во моментов во Охрид има 837 активни случаи.

OhridNews