Според податоците на Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 3.761 тестирања, а регистрирани се 1.216 нови случаи на КОВИД-19, или 32,3 %.

Најмногу случаи регистрирани се во Скопје – 624, Прилеп – 80, Битола – 50, Велес – 46, Куманово – 43, Тетово – 40, Кавадарци -36, Кочани – 32, Охрид – 30, Неготино – 23, Струмица – 22, Штип – 21, Гевгелија – 20, Валандово – 16, Гостивар и Берово – по 14, Демир Капија – 13, Ресен – 12, Пробиштип и Крушево – по 9, Свети Николе – 8, Струга, Радовиш и Делчево – по 7, Виница – 5, Кичево, Крива Паланка, Богданци и Пехчево – по 4, Кратово и Демир Хисар – по 3, Дебар и Македонски Брод – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 111 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 15 починати лица, на возраст од 53– 94 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, по две починати лица од Прилеп, Тетово и Кочани, и по 1 починато лице од Куманово, Битола и Крушево. 14 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Во моментов во Охрид има 518 активни случаи, а во Струга 176.

OhridNews