Црвениот кармин, премногу руменило и нашминкани очи се најголемите грешки на работното место, сметаат шефовите. Според истражувањето на интернет страната officerbroker.com, дури 32 проценти од испитаните шефови сметаат дека силните бои на карминот на усните се невкусни и ги опишале каке несоодветни за во канцеларија. По карминост следувале нашминканите очи со 28 проценти од гласовите и руменилото со 15 проценти.
Еден од десет шефви сака да види било каква шминка кај своите вработени, а речиси сите, и машки и женски шефови дозволуваат минимално шминкање на своите вработени. Портпаролот на страницата officerbroker.com изјавил дека повеќето се обидуваат да изгледаат најдобро што можат, но понекогаш луѓето ги преминувале границите. Според него, убавината била во оној кој посматра, бидејќи она што на една личност и се допаѓа на друга може воопшто да не и се допаѓа, па затоа треба да внимаваме секогаш да изгледаме професионално.