Како последица од пушењето во светот на секои девет секунди згаснува по еден човечки живот, а секоја година умираат по 5,4 милиони луѓе. Во Македонија 35 % од населението, односно околу 700.000 граѓани се пушачи, покажале анализите на Институтот за медицина на трудот, презентирани по повод 31 мај – Светскиот ден против пуштењето.
За да се намали бројот на пушачи од Институтот за медицина на трудот сметаат дека во иднина на кутиите од цигари треба да бидат отпечатени реални слики од оштетени делови од телото на лица кај кои пушењето предизвикало сериозни здравствени последици. Ваква пракса веќе постои во 23 европски земји каде е забележан голем ефект во намалување на бројот на пушачи.
Македонија е на високот второ место во Европа според потрошувачка на тутун по глава на жител по Полска. Истражувањата покажале деке Законот за заштита од пушење, кој во земјава стапи на сила на 1 јануари 2006 година, не го намалил осетно бројот на пушачи, поради што, експертите сметаат дека е потрбно да се воведат и други мерки. Затоа и Светскиот ден против пуштењето, 31 мај, во Македонија ќе биде одбележан под мотото „Покажи ја вистината, предупредувањата со слики спасуваат животи“.