Едно неодамна извршено истражување покажало дека една третина од британците цврсто верува дека има свој ангел чувар кој бдее над нив. Резултатите на анкетата сведочат за потребата на луѓето за духовност, тврди британското библиско друштво кое ја спровело анкетата.
Секој дваесетти од испитаниците рекол дека видел или слушнал ангел, додека 29 проценти од нив мислат дека имаат свој ангел чувар. Претставничка на друштвото изјавил дека постојат многу докази за надчовечки појави во овој свет. Според нив, ангелот е божји гласник, а Библијата тоа го потврдува низ многуте појавувања на ангелите во различни облици.