Во последниот натпревар пред своја публика во разигрувaњето кошаркарите на АМАК СП стигнаа до очекувана и лесна победа против последнo пласираниот тим на Соколи со 103-73.
Стратегот на охриѓани Игор Гацов се одлучи да ги одмори своите клучни играчи давајќи им шанса на оние кои се враќаат во тимот по повредите (Д. Стојаноски, Вегов) како и на оние играчи кои во поглемиот дел од пренството имаат мала минутажа.
По првиот период јасно беше дека домаќините ќе го добијат мечот откако стигнаа до двоцифрена предност. Конечниот удар домакините го зададоа во третиот перриод кој го решија во своја корист стигнувајки до предност 81-50.
Предводени од Герогиевски кој стигна до 35 поени, соколите го решија во своја корист последниот период. Со поените на Неделков , охриѓани стигнаа до првата стотка во втората фаза.
– Успех е да се заврши на третата позиција во вака силна лига. Со оваа победа ние ја остваривме целта пред разигрувањето и сега влегуваме растеретени во плејофот, изјави тренерот на АМАК СП Игор Гацов.
АМАК СП – Соколи 103:73 (31-18, 19-18, 31-11, 22-26)
АМАК СП : Д. Стојановски 16 ,Тасевски 9, Стојанов 6, Фрај, Тејлор 9, Вегов 19, Наумовски 2 ,Горгоски 4 , В. Стојановски 10 , Неделков 8, Николовски 17, Кодл 4
Соколи : Кацарски , Тодоровски , Стојчевски 2, Нешовски 7, Митков , Ристов 5, Георгиевски 35, Дишлиев , Нури 6, Јакимоски 2, Василев 16