Триесет и четири годишен маж е третата жртва од новиот грип од типот А (Х1Н1), соопшти Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Оттаму информираат дека  болеста кај пациентот брзо прогресирала и го зафатило срцето и лицето починало за помалку од 60 часа.

Претходно од свински грип во земјава починаа уште две лица на возраст од 32 и 77 години.

Ohridnews