Ракометарите на Охрид од третиот обид успеаја да го совладаа Тинекс Пролет во „Билјанини Извори“ победувајќи го со 29-27 во претпоследната рунда од регуларниот дел од Супер лигата.
До првата радост во дуелите со „пролетерите“ во Охрид, домашните ракометари стигнаа во возбудлив меч.
„Гладијаторите“ имаа констатно водство, но гостите на четири минути од крајот на мечот имаа меч топка, која не ја искористија.
Охриѓани со серија 3-0 го казнија тоа и го срушија митот за непобедливост на Тинекс Пролет во „Билјанини Извори“.
Резултати: Металург 2 – Работнички 27-31, Охрид – Тинекс Пролет 29-27, Радовиш – Борец 29-26, Металург – Прилеп 28-22.
Табела: Металург 51, Охрид 39, Работнички 39, Прилеп 30, Пелистер 21, Вардар Јуниор 21, Радовиш 21, Тинекс Пролет 18, Борец 16, Металург 2 1.
OhridNews