Охридската атлетичарка Мартина Мироска во третото свое учество на меѓународниот митинг во Бар, Црна Гора го освои првото место во дисциплината скок во далечина.


Мироска во првиот настап 2015 година заврши на третата позиција, минатата 2016 година финишираше на второто место, а чекор напред направи годинава освојувајќи го златниот медал со резултат (5.66).

– За настапот во Црна Гора годинава со најголема желба се подготвував, бидејќи сакав да го задржам континуитет односно мојот напредок од година во година. Годинава и конкуренцијта беше поголема, што беше дополнителен мотив за мене напорно да тренирам и да се преставам во најдобро светло. – изјави Мироска.

До крајот на оваа сезона младата охриѓана има цел да го подобри својот личен рекорд и државниот рекорд во нејзината омилен дисциплина скок во далечина.

OhridNews