Охридските ракометари со дуелот против Еурофарм Работник в сабота ќе го започнат второто учество во натпреварите од плејофот во Супер лигата.
Натпреварот в сабота со почеток во 19 часот и 30 минути ќе биде трета среќа за „гладијаторите“ против екипата на Еурофарм Работник која два пати славеше во регуларниот дел од шампионатот.
Охриѓани кои завршија на првата позиција на табелата во Супер лигата претрпеа два од трите порази токму од „фармацевтите“, а првиот меч од плејофот е одлична можност за реванш.
Покрај овој дуел на програмата од плејофот се мечевите меѓу Металург – Вардар и Борец – Пелистер, додека во натпреварите за опстанок ќе се сретнат Радовиш – Работнички, Вардар Јуниор – Металург, Прилеп – Пролет.
OhridNews