Стартот не навестуваше ваков расплет. Охриѓани поставија “зона“ кој им овозможи лесни шутеви на гостите кои во голема мера ги користеа. Прецизниот шут но и одличната одбрана на Фрај кој првите поени ги постигна од пенал по седум мин игра, на “шпедитерите“ им овозможија солидна предност 10-19. Беспрекорно фунцкионираше шутот за три и со петтата тројка, прва за Трајковски со звукот на сирената “шпедитерите“ стигна на +12 ( 14-26).
Долго во вториот период , “црвените“ ја одржуваа предноста. По ротациите во екипите повеќе се снајдоа охриѓани кои во мини серии, почнаа да ја топат предноста на противникот. Се буди Фрај, а помош под кошевите добива од Тејлор кој делуваше мошне сигруно во периодот кога поради повреда на прстот надвор беше О Нил. Со поените на Д. Стојановски, “белите “ ја надоместија разлика стигнувајќи до пата пата 40-40.
По одморот следуваше рововска битка во која никој не успеа да се одлепи. Потврда за изедначеноста во овај период стигнува во податоткот што ниту едните ниту другите не остварија предност поголема од 3 поени. Војдан го предоводи АМАК СП, додека неговиот брат Огнен во спротивниот табор не дозволуваа “домашните “ да направат одлучувачка предност.
Со плус 2, 61-59, АМАК СП влегува во последниот период. Играта во одбрана над Фрај попушта, додека Неделков го исфрли од ритам Мираковски, па на 5 мин пред крајот охриѓани стигнуваат до највискоата предност на мечот 70-64. Нервозата расте и на клупата па судиите со техничка мораа да ги смируваат Гацов кај АМАК СП и помошникот Србиновски кај Работнички. Дека нема лесно да се предадат потврдува Зивчевиќ кој со треттата тројка во последнито период на 60 сек пред крајот израмнува на 74-74. Охриѓани ја имаа првата меч топка која ја користат преку В. Стојановски кој со тројка носи ново водство. Пожртвуваниот Неделков ја направи петтата лична над Мираковски, кој погодува само еден пенал. Втората меч топка ја користи Фрај кој во соло акција поентира за 79-75. Времето ги притиска “скопјани“ кои се обидуваат со удари од далечина да се вратат во игра но неуспаваат, на спротивната страна казнува капитенот Тасески за недостижна предност и делириум во салата
АМАК СП – Работнички 83:78 (14-26, 26-14, 21-18, 22-19)
Сала Билјанини Извори. Гледачи 2,000 Судии: Денковски- Мицевски – Николовски. Делегат Ѓорѓи Пиперков.
АМАК СП: Д. Стојановски 6, Тасевски 8, Стојанов, Фрај 25, Тејлор 11, Вегов, Ѓорѓоски, Стефаноски, В. Стојановски 22,Неделков 2, Николоски, О Нил 9
На останатите натпревари
Мзт Фон – К.Соколи 115-91
Струмица – Вардар О 84-67
Пелстер – Фени Инд. 78-80