Од оваа среда (18 ноември) започнува третата сезона од најдобрите студентски журки во Охрид. “Среда повторно ќе сјае со урбан шмек“ порачуваат од “Шила“ – организатори на овој настан со кој продолжуваат во остварување на визијата за враќање на градскиот сјај на охридскиот ноќен живот.
Оваа Среда со свој сет настапува во моментов еден од најбараните Хип Хоп и Р&Б диџеи во Македонија, охриѓанецот Александар Илоски популарен како Dј Face. Неговиот специфичен стил на пуштање квалитетна музика на плочи дополнително миксана и “скречована“ го прави магнет за многу публика и супер журки.
Најинетересен дел за гостите во “Шила“ оваа среда, можеби, ќе биде промоцијата на Jagermeister кој станува главен покровител на студентските забави оваа сезона. Ќе се доделуваат 10тина селфи стикови, и гратис коктели за сите гости. Најдоброто “селфи“ го испраќате на фан страната на “Шила“ и сте во игра за гратис шише Јегер за следната студентска.
“Изминативе две сезони ги одбележавме со навистина одлични журки со домашни и странски диск џокеи и бендови. Всушност, сѐ започна како концепт на интернационална студентска журка со студенти од буквално целиот свет од кои дел студираат во Охрид а дел се организирани групи кои ги реализираат своите апсолвентски екскурзии низ Балканов“ – велат од “Шила“.
Сите пијалоци се по добро познатите промотивни цени, а и овој пат поради ограничениот капацитет и големиот интерес пожелно е резервациите да се направат час поскоро.
Повеќе информации може да се најдат и на линкот од самиот настан, тука.
Ohridnews