Охридските фудбалери финалните битки за второто место на табелата, кое води во баражот за влез во Првата македонска фудбалска лига, во третиот круг од Втората лига-запад ќе ги започнат од четвртата позиција.

„Рибарите“ заостануваат еден бод од третопласираниот Гостивар, а два од второпласираната Велешта. Што значи дека сите карти отворени и трите екипи влегуваат рамо до рамо во последните осум мечеви. Вардар Форино е отстранет од Втората лига, затоа во третиот круг екипите ќе играат по осум натпревари.

Избраниците на Драган Бочески во првите четири рунди играат три натпревари на домашен терен. Третиот круг, охриѓани, го отвораат против Дрита. Потоа една рунда паузираат, а после ги пречекуваат Кораб односно Велазерими.

Во петтата и шестата рунда, фудбалерите на Охрид ќе се сретнат со директните конкуренти Гостивар на гости односно Велешта на СРЦ „Билјанини Извори“. Во седмата, Охрид гостува кај Скопје, а сезоната ја завршува со Кадино на домашен и со Тетекс на гостински терен.

Првопласираната екипа во Втората лига обезбедува директен пласман во елитата, а второпласираната игра бараж со една екипа од Првата лига.

  • Распоред 
Комплетниот распоред на мечевите од третиот круг во Втората лига-запад.

 

OhridNews