Фудбалерите на Вулкан во 13-та рунда од Третата фудбалска лига во дербито на дното ќе ги одмерат силите со последнопласираната Лирија.


Бодовите од овој натпревар се од исклучително значење за „вулканизерите“ за борбата за опстанок.

По триумфот над есенскиот првак Кораб апетитите во Караорман пораснаа, а за противник во вториот натпревар од пролетната полусезона го имаат тимот на Велешта.

Двојки : Кравари – Фљамуртари, Лирија – Вулкан, Велешта – Караорман, Кораб – Лабуништа, Влазними – Лисолај, Преспа – Новаци.

Табела : Преспа 27, Велешта 26, Кораб 24, Кравари 21, Лисолај 19, Лабуништа 19, Караорман 16, Влазними 15, Новаци 13, Фљамуртари 12, Вулкан 10, Лирија 7.

Мх.П.