Екипите на Охрид и Воска освоија значајни бодови во трката за опстанок во Третата лига победувајќи ги Октиси (2-1) односно Фљамуртари (3-1) на домашен терен во 17-та рунда.

Охридските бели до трите бодови стигнаа со голот на Марко Арсенов во финишот од мечот. Претходно, домаќините поведоа со голот на Мартин Нически, а гостите израмнија преку Даниел Шекуткоски.

Воска не остави ништо на случајност и после еден час игра веќе имаше водство 3-0. Првиот гол го постигна Осман Рамадан, а вториот и третиот беа дело на Ѓоко Булоски. Гостите од белата точка постигнаа почесен погодок и го израмнија резултатот.

Добриот скор на охридските екипи го расипа Сатеска која изгуби од Кравари 2-1. Пред мечот најдобриот стрелец на Сатеска, Никола Секулоски го нападнал главниот судија кој инцидентот го вметнал во официјалниот записник.

Гостинската чест во 17-та рунда од Третата лига ја одбрани Кораб кој со минимални 1-0 славеше во дербито со Преспа во Ресен. Победата за тимот предводен од Агрон Мерко ја донесе Меритон Мерко кој погоди во првата минута од натпреварот.

Резултати: Воска – Фљамуртари 3-1, Охрид – Октиси 2-1, Преспа – Кораб 0-1, Влазними – Лирија 2-1, Кравари – Сатеска 2-1.

Табела: Кораб 42, Фљамуртари 32, Кравари 32, Преспа 31, Караорман 28, Сатеска 25, Влазними 22, Охрид 22, Велешта 19, Воска 17, Лирија 16, Октиси 12, Баир Кркардаш, Могила.

OhridNews