Екипата на Сатеска на домашен терен ја очекува мошне значаен натпревар во 24-та рунда од Третата македонска фудбалска лига југо-запад, додека Лакочереј и Охрид нови бодови ќе бркаат на гостински терен
„Црвените“ пред своите гледачи на стадионот „Ѓоргов Мост“ ќе се судрат со Преспа и освојувањето на бодовите е единствена опција. Сатеска се наоѓа на 11-та позиција, а Преспа една позиција подолу со два бодови помалку.
Лидерот на табелата Охрид во 24-та рунда гостува кај составот на Октиси, а Лакочереј силите ќе ги одмери со Кравари.
Двојки: Црно Буки – Лирија Грнчари, Велешта – Влазними, Лирија Заграчани – Фљамуртари, Кравари – Лакочереј, Октиси – Охрид, Сатеска – Преспа, Караорман – Новаци
Табела: Охрид 52, Влазними 37, Црно Буки 36, Лирија Грнчари 33, Фљамуртари 32, Велешта 31, Лакочереј 31, Караорман 30, Кравари 30, Сатеска 29, Преспа 27, Лирија Заграчани 18, Октиси 18
OhridNews