Викендов, ширум терените во југо-западниот регион од нашата земја ќе се одиграат последните натпревари од есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига.
Охридските претставници Дебрца и Сатеска првата етапа ќе ја завршат на домашен терен. Екипата на Дебрца ќе ги одмери силите со струшки Караорман додека Сатеска ќе се сретне со тимот на Октиси. Двете екипи имаат добра прилика да триумфираа и соберат значајни бодови во трката за опстанок во третолигашкото друштво.
Мечевите се играат в недела со почеток во 13 часот.
Двојки:
Дебрца – Караорман
Влазними – Фљамуртари
Стрела Спорт – Црно Буки
Македонија – Лирија
Сатеска – Октиси
Кравари – Преспа
Новаци – Велешта
Табела: Велешта 31, Црно Буки 24, Октиси 22, Фљамуртари 21, Преспа 20, Лирија Грнчари 20, Влазними 19, Караорман 17, Новаци 15, Кравари 14, Сатеска 12, Дебрца 11, Македонија 9, Стрела Спорт 4
OhridNews