Екипата на Вулкан на гостински терен прокнижи нови три бодови победувајќи го тимот на Работник 4-1 и го продолжи походот кон лидерот Младост во Трета лига.

Погодоците за „вулканизерите“ ги постигнаа Митревски, Бимбиловски кој реализираше два и Кочоски затворајќи ја гол серијата.

Младост во 21-та рунда забележа победа над Moгила со 3-1 и го зачува врвот на табелата.

Мх.П.