Со погодоците на Бимбилоски во 70-та и Тасески во 85-та минута екипата на Вулкан ја совлада Враништа на натпреварот кој се одигра на „Атина Бојаџи“ во рамките од Третата фудбалска лига.

Од мечот со Враништа па натаму натпреварите како домаќин екипата на Вулкан ќе ги игра на „главниот стадион“ во Охрид.

Победи во 18-та рунда забележа и составот на Младост над Велешта 3-2 и втопласираната Преспа против Лабуништа 2-1.

Резултати : Вулкан – Враништа 2-0, Стрела Спорт – Вардино 1-2, Кравари – Кораб 3-1, Преспа – Лабуништа 2-1, Младост – Велешта 3-2, Лирија – Поешево 3-1, Влазними – Могила 3-0, Караорман – Работник 4-3.

Табела : Младост 44, Преспа 41, Вулкан 41…

Мх.П.