Екипата на Вулкан на домашен терен претрпе неочекуван пораз од Лирија 5-2 и полека го губи здивот во трката за првото место кое води во бараж средба за пласман во Втората лига.

И лидерот на табелата Младост не успеа да победи на домашен терен ремизирајќи со Влазними 2-2. Со победата над Караорман 4-2 фудбалерите на Преспа се искачија на второто место на табелата.

Резултати : Вулкан – Лирија 2-5, Младост – Влазними 2-2, Преспа – Караорман 4-2, Кравари – Работник 4-2, Кораб – Поешево 3-0, Лабуништа – Враништа 2-1, Стрел Спорт – Велешта 2-4, Вардино – Могила 1-0.

Табела : Младост 60, Преспа 54, Вулкан 53…

Мх.П.