Во 22-та рунда од Третата македонска фудбалска лига ќе се одигра дербито меѓу Вулкан и Караорман. И по пласманот на табелата овој дуел сосема го заслужува епитетот дерби бидејќи домаќините се наоѓат на втората додека гостите на четвртата позиција.
Во првата полусезона „вулканизерите“ со 4-1 во Струга го „преслушаа“ Караорман.
Двојки : Вардино – Враништа, Стрела Спорт – Лабуништа, Кораб – Велешта, Кравари – Поешево, Преспа – Могила, Младост – Работник, Вулкан – Караорман, Лирија – Влазними.
Табела : Младост 53, Вулкан 50, Преспа 45, Караорман 38…
Мх.П.