Фудбалерите на Вулкан со 2-1 го совладаа Караорман во „езерската“ пресметка во рамките од петтата рунда во Третата лига.

„Вулканизерите“ преку Љупчо Трпески и Андон Затуроски постигнаа по еден гол во двете полувремиња и ги осигураа трите бодови.

Со триумфот над стружани Вулкан на табелата скокна на осмата позиција со шест бодови, а со четири Караорман е една подолу.

Резултати : Влазними – Фљамуртари 4-2, Кораб – Преспа 3-1, Велешта – Новаци 2-0, Лирија – Лисолај 3-4, Кравари – Лабуништа, Вулкан – Караорман 2-1.

Мх.П.