Охридскиот преставник во Третата македонска фудбалска, Вулкан „еруптираше“ сред Струга победувајќи го Караорман со убедливи 4-1.
Херој на „сино белите“ беше напаѓачот Боге Бимбилоски, кој постигна хет трик додека четвртиот погодок беше дело на стоперот Целе Иваноски. Почесниот гол за домаќините го постигна Никола Секуловски.
Со оваа победа фудбалерите на Вулкан стигнаа до шестата во осмиот натпревар и со Преспа ќе се борат за првото место во Третата лига.
Мх.П.