Екипите на Воска Спорт и Сатеска запишаа нови победи во Третата македонска фудбалска лига југо-запад, совладувајќи ги Влазними со 3-1 односно Победа Ивањевци со 3-0.
Воска Спорт победата на гостувањето кај Влазними ја обезбеди со головите на Насер Доко, Меритон Мерко и Љупче Дачлев. Домаќините во финишот преку Рејхан Џелеши го намалија резултат, постигнувајќи почесен погодок.
Сатеска, пак, без поголеми проблеми славеше во дуелот со Победа Ивањевци на домашен терен. Првите два голови за Сатеска беа дело на Дарко Бочески, а третиот го постигна Никола Угриноски.
- Резултати:
Црно Буки – Македонија Враништа 0-1
Влазними – Воска Спорт 1-3
Сатеска – Победа Ивањевци 3-0
Октиси – Преспа 0-0
Белица – Караорман 1-4
Искра – Кравари 2-1
Стрела Спорт – Лирија Грнчари 14
Табела: Воска Спорт 50, Караораман 41, Црно Буки 34, Новаци 34, Кравари 29, Преспа 28, Сатеска 27, Октиси 27, Влазними 26, Македонија Враништа 24, Лирија Грнчари 20, Искра 20, Белица 14, Победа Ивањевци 13, Стрела Спорт 5, Фљамуртари откажан.
OhridNews