Фудбалерите на Сатеска запишаа три бодови на табелата во третолигашката конкуренција, совладувајќи го Влазними со 3-1 (1-1), во 15-та рунда од шампионатот. Лидерот на табелата Воска Спорт паузираше, затоа што после откажувањето на Фљамуртари останаа непарен број на екипи во Трета МФЛ југо-запад.

Победникот на дуелот кој се одигра на „Ѓоргов Мост“ стадионот го одлучи Боге Бимбилоски. Тој на теренот влезе од клупата во 60-та минута, а до 90-та постигна два погодоци, кои му донесоа три бодови на Сатеска. Претходно во првиот дел за Сатеска погоди Никола Угриноски, а за Влазними прецизен беше Арди Полиси.

Во Третата лига утре на програмата се мечевите од 16-та рунда.

  • Резултати: 

Кравари – Црно Буки 3-2

Лирија Грнчари – Караорман 2-2

Стрела Спорт – Новаци 1-1

Искра – Преспа 2-1

Белица – Победа Ивањевци 4-3

Октиси – Македонија Враништа 0-0

Сатеска – Влазними 3-1

Воска Спорт слободна

Табела: Воска Спорт 41, Караорман 33, Црно Буки 30, Новаци 28, Влазними 26, Кравари 26, Преспа 24, Октиси 22, Сатеска 21, Македонија 18, Искра 17, Белица 14, Лирија Грнчар 13, Победа Ивањевци 13, Стрела Спорт 5, Фљамуртари откажан.

ОhridNews
Фото: Архива