Екипата на Воска Спорт експресно им се врати на победите во Третата македонска фудбалска лига југо-запад, совладувајќи го составот на Црно Буки со 2-1, во петтата рунда од шампионаатот.

Избраниците на Митко Стојаноски четвртиот триумф во петтиот натпревар сезонава го обезбедија со двата погодоци во првите 20 минути од дерби средбата, која се одигра на теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини Извори“. Резултатот го отвори Николче Стојкоски, додека на 2-0 зголеми Томи Стојановски. Гостите во финишот од средбата постигнаа погодок и го ублажија поразот.

Фудбалерите на Караорман ја задржаа предноста од два бодови на врвот од табелата, победувајќи го Октиси со 2-0, на градскиот стадион од „ФК Караорман“. Домаќините отпорот на гостите го скршија во првиот дел.

  • Резултати: 

Воска Спорт – Црно Буки 2-1

Победа Ивањевци – Македонија Враништа 1-1

Преспа – Влазними 4-1

Новаци – Сатеска 3-1

Караорман – Октиси 2-0

Кравари – Фљамуртари 4-2

Лирија Грнчари – Белица 2-2

Стрела Спорт – Искра 2-2

Табела: Караорман 15, Новаци 13, Воска Спорт 13, Кравари 13, Влазними 9, Црно Буки 9, Преспа 9, Лирија 4, Македонија Враништа 4, Победа Ивањевци 4, Октиси 4, Искра 4, Фљамуртари 3, Сатеска 3, Белица 2, Стрела Спорт 1

OhridNews