Екипите на Воска Спорт и Караорман ги очекуваат нови предизвици во 13-та рунда од Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Лидерот Воска Спорт гостува кај тимот на Искра, кој котира на средината од табелата во третолигашката конкуренција, додека второпласираниот Караорман на домашен терен ќе се судри со третопласираниот состав на Црно Буки.

Со мечеви во пролетната полусезона ќе започне и Сатеска, која паузираше во 12-та рунда, откако првиот ривал Фљамуртари се откажа од понатамошното натпреварување.

  • Двојки:

Караорман – Црно Буки

Кравари – Новаци

Лирија Грнчари – Преспа

Стрела Спорт – Победа Ивањевци

Искра – Воска Спорт

Белица – Македонија Враништа

Октиси – Сатеска

Фљамуртари – Влазними

Табела: Воска Спорт 32, Караорман 29, Црно Буки 24, Новаци 23, Влазними 22, Кравари 22,  Преспа 21, Сатеска 18, Октиси 17, Искра 14, Македонија В 13, Белица 10, Фљамуртари 10, Лирија 9, Победа Ивањевци 7,  Стрела Спорт 4.

OhridNews