Екипата на Воска Спорт прва помина низ целта во есенската полусезона во Третата македонската фудбалска лига југо-запад.

Воска Спорт водечката позиција во некомплетната прва етата во третолигашката конкуренција ја осигра со гостински триумф во Грнчари против тимот на Лирија со 3-1.

Верна сенка на Воска Спорт во самиот врв од табелата е Караорман. Струшкиот фудбалски клуб заостанува само бод. На пролет ќе треба да се доиграат преостанатите четири рунди од првиот дел и 11-те натпревари од втората полусезона, што е доволна за најава за многу возбудувања и борба за бодови.

  • Резултати:

Новаци – Црно Буки 2-1

Караорман – Преспа 2-0

Кравари – Победа Ивањевци 2-0

Лирија Грнчари – Воска Спорт 1-3

Стрела Спорт – Македонија Враништа 1-3

Искра – Влазними 5-4

Белица – Сатеска 0-1

Фљамуртари – Октиси 2-3

Табела: Воска Спорт 29, Караорман 28, Новаци 22, Кравари 22, Црно Буки 21, Преспа 18, Сатеска 18,  Октиси 17, Влазними 16, Искра 13, Македонија Враништа 12, Фљамуртари 10, Победа Ивањевци 7, Белица 6, Лирија Грнчари 6, Стрела Спорт 4.

OhridNews