Екипите на Воска Спорт и Караорман забележаа убедливи победи во 17-та рунда од Третата македонска фудбалска лига југо-запад, совладувајќи ги Сатеска со 7-1 односно Искра со 9-0.
Воска Спорт покажа класа во локалното дерби со Сатеска, торпедирајќи го ривалот со седум погодоци. Седумте погодоци ги постигнаа три фудбалери. Меритон Мерко реализираше три голови, а по два пати прецизени беа Насер Доко и Едмонд Арслани. Почесниот погодок за Сатеска беше дело на Боге Бимбилоски.
Струшките „црвено бели“, пак, броеја до девет. Искра беше испратена со девет парчиња во мрежата, а победата му беше посветена на Никола Секулоски, кој се опоравува од тешката повреда на коленото. Шест фудбалери се запишаа во листата на стрелци. Два пати прецизни беа Ивица Ќелешоски, Никола Димов и Кристијан Домазетоски, а по еднаш реализираа Глигор Цветаноски, Стефан Крстески и Марјан Чолески.
- Резултати:
Лирија Грнчари – Црно Буки 1-1
Кравари – Стрела Спорт 3-1
Караорман – Искра 9-0
Новаци – Белица 3-0
Победа Ивањевци – Октиси 1-3
Воска Спорт – Сатеска 7-1
Македонија Враништа – Влазними 3-2
Преспа – Фљамуртари
Табела: Воска Спорт 47, Караораман 39, Црно Буки 34, Новаци 34, Кравари 29, Преспа 27, Влазними 26, Октиси 25, Сатеска 24, Македонија Враништа 21, Лирија Грнчари 17, Искра 17, Белица 14, Победа Ивањевци 13, Стрела Спорт 5, Фљамуртари откажан.
OhridNews