Охридските бели на домашен терен во 19-та рунда против составот на Лирија од Грнчари играат исклучително важен натпревар за опстанок во третолигашкото друштво.

Подмладениот охридски состав низ мечевите го акумулираше потребното искуство, а сега на натпреварот со Лирија треба да се демонстрира квалитетот и да се освојат трите бодови кои во голема мера би значеле опстанок.

Воска ќе има далеку потешка задача, бидејќи на домашен терен ќе ги одмери силите со лидерот на табелата Кораб, додека Сатеска второ коло по ред паузира.

Двојки: Октиси – Фљамуртари, Воска – Кораб, Охрид – Лирија, Преспа – Караорман, Влазними – Велешта.

Табела: Кораб 45, Фљамуртари 35, Кравари 32, Преспа 31, Караорман 29, Сатеска 25, Влазними 23, Охрид 22, Лирија 19, Велешта 19, Воска 17, Октиси 15, Могила, Баир Кркардаш.

OhridNews