Фудбалерите на струшки Караорман се лидери на табелата после четири одиграни натпревари во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.
Караорман со 1-2 победи на гостувањето кај Фљамуртари и го задржа максималниот ефект, додека конкурентите Воска Спорт, Кравари и Новаци ремизираа на гостински терен. Воска Спорт и Новаци ремизираа со идентични 0-0 против Македонија Враништа односно Октиси, а Кравари во меч со четири голови ги подели бодовите со Белица.
Мразот во новата сезона го скрши составот на Сатеска кој со минимални 1-0 славеше во дуелот со Преспа. За „црвените“ ова се први бодови на третолигашката табела.
- Резултати:
Црно Буки ЗЛ – Стрела Спорт 7-0
Искра – Лирија 1-0
Белица – Кравари 2-2
Фљамуртари – Караорман 1-2
Октиси – Новаци 0-0
Сатеска – Преспа 1-0
Влазними – Победа 6-2
Македонија Враништа – Воска Спорт 0-0
Табела: Караорман 12, Новаци 10, Воска Спорт 10, Кравари 10, Влазними 9, Црно Буки 9, Преспа 6, Лирија 3, Македонија Враништа 4, Победа Ивањевци 3, Октиси 4, Фљамуртари 3, Сатеска 3, Искра 3, Белица 1, Стрела Спорт 0
OhridNews