Воска, Сатеска и Охрид имаа непосакуван почеток на сезоната во Третата фудбалска лига, откако претрпеа високи порази од Влазними (8-2), Караорман (4-1) односно Преспа (4-1).

Влазними победата ја обезбеди првиот дел со шест голови во мрежата на Воска. Во вториот постигнаа уште два за конечна победа.

Фудбалерите на Преспа отпорот на Охрид го скршија после час игра. Во последната третина од мечот домаќините постигнаа три голови за почетен триумф.

Сатеска на домашен терен имаше сила еднаш да го анулира водството на струшките фудбалери. Втората предност во текот на мечот гостински фудбалери не ја испуштија и заслужено стигнаа до трите бодови.

Резултати: Велешта – Фљамуртари 1-3, Сатеска – Лакочереј Струга (Караорман) 1-4, Кравари – Лирија 3-0, Баир Кркадаш – Кораб 0-3, Могила – Октиси 0-1, Влазними – Воска 8-2, Преспа – Охрид 4-1.

OhridNews