Исклучително важни мечеви ги очекуваат екипите на Сатеска и Лакочереј во 17-та рунда од Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Фудбалерите на Сатеска гостуваат во Заграчани кај составот на Лирија кој исто така се бори за опстанок во третолигашкото друштво, додека Лакочереј на домашен терен силите ќе ги одмери со тимот на Црно Буки кој ја дели втората позиција на табелата.

Екипата на Охрид во 17-та рунда гостува во Радолишта, а ќе се сретне со последнопласираниот Фљамуртари. Мечевите се играат в недела во 15 часот и 30 минути.

Двојки 17.рунда: Лакочереј – Црно Буки, Фљамуртари – Охрид, Влазними – Преспа, Лирија Грнчари – Новаци, Велешта – Караорман, Лирија Заграчани – Сатеска, Кравари – Октиси.

Табела: Охрид 44, Караорман 27, Црно Буки 27, Велешта 25, Влазними 24, Лирија Грнчари 24, Преспа 22, Кравари 21, Сатеска 20, Новаци 19, Лакочереј 19, Лирија Заграчани 18, Октиси 18, Фљамуртари 14.

OhridNews