Екипите на Лакочереј и Сатеска запишаа значајни три бодови на табелата во третолигашката конкуренцијата совладувајќи ги Фљамуртари (4-1) односно Кравари (5-1) во 16-та рунда, додека Охрид продолжи со својот марш победувајќи го Влазними со 2-0 на домашен терен.
Лакочереј до вториот триумф во третиот меч во пролетната полусезона дојде на крилата од Симон Маркоски и Антонио Крстаноски кои ги постигнаа првите три голови. Гостите намалија преку Аритон Мемети, а конечните 4-1 ги постави Албнор Каба.
Сатеска пред своите гледачи се израдува на првиот триумф во втората полусезона. Во почетните 15-тина минута домаќините реализираа преку Михајло Стеваноски и Дарко Бочески, а измеѓу за фудбалерите на Кравари погоди Тони Вељаноски. Во продолжението од мечот Стеваноски постигна уште два погодоци, а еднаш прецизен беше Илија Трпкоски.
Лидерот на табелата, Охрид ја оправда фаворитската улога против Влазними на теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини Извори“. Отпорот на гостите го скрши Ромео Кочоски, а печат на победата стави Никола Секулоски.
Резултати: Црно Буки – Октиси 2-0, Сатеска – Кравари 5-1, Караорман – Лирија Заграчани 1-0, Новаци – Велешта 3-1, Охрид – Влазними 2-0, Преспа – Лирија Заграчани 1-1, Лакочереј – Фљамуртари 4-1.
Табела: Охрид 44, Караорман 27, Црно Буки 27, Велешта 25, Влазними 24, Лирија Грнчари 24, Преспа 22, Кравари 21, Сатеска 20, Новаци 19, Лакочереј 19, Лирија Заграчани 18, Октиси 18, Фљамуртари 14.
Двојки 17.рунда: Лакочереј – Црно Буки, Фљамуртари – Охрид, Влазними – Преспа, Лирија Грнчари – Новаци, Велешта – Караорман, Лирија Заграчани – Сатеска, Кравари – Октиси.
OhridNews