Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос го задржа максималниот ефект во Третата македонска фудбалска лига југо-запад победувајќи го Фљамуратари со 5-1 (2-1) во четвртата рунда од шампионатот.

Охрид до триумфот стигна со ефикасна игра во двете полувремиња. Домаќините преку Ромео Кочоски во 9-та минута го отворија резултатот, а гостите после само седум минути изедначија со погодокот на Дрилон Синани. До крајот на првиот дел охриѓани со голот на Никола Секулоски го вратија водството.

Во второто полувреме охридските фудбалери додадоа гас, а гостите немаа против одговор. На 3-1 зголеми Диматар Кочоски, за 4-1 погоди Секулоски, додека конечните 5-1 ги постави Роберт Усеинов.

Во следната, петта рунда, ГФК Охрид силите ќе ги одмери со тимот на Лакочереј, кој изгуби на гостувањето кај Црно Буки со 3-0.

OhridNews