Фудбалерите на Дебрца со убедливи 5-1 (1-0) ја совладаа Сатеска во локалното дерби кое се одигра во рамките од четвртата рунда во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.
Дебрца на најдобар можен начин стигна до првата победа после две нерешни средби и еден пораз во третолигашкото друштво. Три од петте погодоци за Дебрца реализираше Боге Бимбилоски а преостанатите два ги постигна Васко Тасески. Почесниот погодок за Сатеска во дербито беше дело на Даниел Митрески.
Нов лидер после четири рунди во Трета МФЛ е Велешта. Составот предводен од Здравко Цветаноски од клупата со минимални 1-0 славеа против Лирија од Грнчари а конкурентите Фљамуртари и Влазними изгубија и заостануваат три бодови.
Резултати: Караорман – Стрела Спорт 6-1, Македонија – Влазними 1-0, Сатеска – Дебрца 1-5, Кравари – Фљамуртари 3-2, Новаци – Црно Буки 2-3, Велешта – Лирија 1-0, Преспа – Октиси 80
Табела: Велешта 12, Влазними 9, Фљамуртари 9, Црно Буки 9, Лирија Грначари 7, Преспа 7, Дебрца 5, Новаци 4, Караорман 4, Сатеска 3, Октиси 3, Македонија 3, Кравари 3, Стрела Спорт 1,
OhridNews