Фудбалерите на Охрид Лихнидос со убедлив и рутински триумф ги завршија мечевите во есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига. Охридските фудбалери на домашен терен со 5-2 ја совладаа екипата на Лирија од Заграчани.

Домаќините, до победата со која ја заокружија сезоната без пораз стигна а со четири голови од 14-та до 25-та минута. Гол серијата ја започна Стефан Петрушевски, продолжи Никола Секулоски кој постигна два погодоци, а заврши со авто голот на гостите. Пред крајот на првиот дел фудбалерите на Лирија од пенал го намалија резултат. Прецизен беше Арифи Шкендим.

Во 56-та минута офанзивецот Ѓетали Белќија погоди за 4-2 и врати малку надеж за поволен резултат кај гостинскиот состав. Домашните фудбалери во продолжението од мечот не дозволија многу возбудувања пред својот гол и со нов погодок на Секулоски ставија точка на победата.

Тимот на Охрид Лихнидос со скор од 12 победи и едно реми ја завршува полусезоната во Третата лига, додека Лирија од Заграчани на средината табелата ќе ја мине зимската пауза во југо-западниот регион.

Мх.П.