Екипата на Дебрца ги запиша првите три бодови на табелата во пролетниот дел од Третата македонска фудбалска лига југо-запад победувајќи го составот на Стрела Спорт со 4-0 додека тимот на Сатеска претрпе висок пораз 4-0 на гостувањето кај тимот на Црно Буки.
Мечот помеѓу Дебрца и Стрела Спорт не се одигра до крај. Гостинскиот тим натпреварот го започнал со седум фудбалери. На почетокот од второто полувреме еден се повредил и не можел да продолжи. Според прописите на ФФМ, мечот се прекинува и завршува со тековниот резултат. Головите за Дебрца ги постигнаа Дејан Милошески, Ѓоко Филипоски и Дарко Матески кој два пати ја погоди мрежата.
Фудбалерите на Сатеска нема по добро да го паметат гостувањето кај второпласираниот Црно Буки. „Црвените“ од Волино изгубија 4-0 и добија два црвени картони. Сатеска со играч помалку остана по само 15 минути игра. Дарко Бочески во краток временски период доби два жолти картони и предвреме го заврши натпреварот. Домаќините го искористија играчот плус во поле и со четири голови ја осигураа победата. Во меѓувреме, црвен картон доби еден фудбалер од домашната екипа и Илче Попоски во тимот на Сатеска.
Резултати:
Дебрца – Стрела Спорт 4-0
Влазними – Караорман
Фљамуртари – Македонија
Црно Буки – Сатеска 4-0
Лирија Грнчари – Кравари 3-3
Октиси – Новаци 1-7
Преспа – Велешта 3-2
Табела: Велешта 34, Црно Буки 29, Фљамуртари 25, Новаци 24, Преспа 23, Влазними 23, Октиси 22, Лирија Грнчари 21, Кравари 21, Сатеска 18, Караорман 17, Дебрца 17, Македонија 13, Стрела Спорт 5
OhridNews