Мртвата трка помеѓу Воска Спорт и Караорман за првата позиција на табелата во Третата македонска фудбалска лига југ-запад продолжува, откако и двете екипи забележаа победи во осмата рунда од шампионатот.

Воска Спорт на домашен терен со 4-1 ја совлада екипата на Новаци во дербито на колото, додека Караорман со 2-1 славеше во соседската пресметка со Македонија Враништа.

Нови три бодови освои и тимот на Сатеска. „Црвените“ од Волино на домашен терен со 3-1 беа подобри од Лирија Грнчари.

  • Резултати:

Црно Буки – Белица 3-0

Фљамуртари – Искра 4-0

Октиси – Стрела Спорт 5-2

Сатеска – Лирија Грнчари 3-1

Влазними – Кравари 5-2

Македонија Враништа – Караорман 1-2

Воска Спорт – Новаци 4-1

Победа Ивањевци – Преспа 2-4

Табела: Воска Спорт 22 бодови, Караорман 21, Црно Буки 18, Новаци 17, Кравари 16, Влазними 13, Октиси 13, Преспа 12, Сатеска 9, Фљамуртари 9, Македонија Враништа 8, Победа Ивањевци 7, Искра 7, Белица 5, Лирија Грнчари 4, Стрела Спорт 4.

OhridNews