Без победник (4-4) заврши пресметката меѓу Охрид и Сатеска во првата рунда од пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига.
Домашниот состав со гол длабоко во судиското продолжение се спаси од пораз во натпревар кој изобилуваше со пресврти. Гостите имаа водство 1-0, негатива 2-1 и 3-2, а на крајот и водство 4-3 кое не го задржаа.
Дерби средбата на „Атина Бојаџи“ означи почеток на возбудувањата во Третата лига, преостанатите мечеви ќе се одиграат в недела со почеток во 14 часот.
Фото: Архива
OhridNews