Екипата на Караорман на гостувањето во Поешево ја забележа втората победа сезонава во Третата лига победувајќи го домаќинот со 5-4.


„Црвените“ со триумфот прв сезонава на гостински терен ја прекинаа серијата од два порази по победата во првото коло.

Пет различни фудбалери ги постигнаа головите за „црвените“ во мечот со најмногу голови во четвртата рунда. Стрелци за стружани беа Ѓоко Попоски, Борче Затаркоски, Илија Бушески, Мустафа Сердар и Атанас Лаброски.

Резултати : Поешево – Караорман 4-5, Влазними – Лисолај 1-1, Кравари – Новаци 1-1, Преспа – Кораб 4-0, Велешта – Лабуништа 4-2, Фљамуртари – Лирија 2-0.

Табела : Фљамуратри 12, Велешта 12, Лабуништа 7, Преспа 6, Лисолај 6, Караорман 6, Кораб 6, Влазними 5, Новаци 3, Кравари 2, Лирија 1, Поешево 0.

Мх.П.