Екипата на Воска ја забележа третата победа во третолигашката конкуренција совладувајќи го составот на Влазними со 3-1 (2-1) на теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини Извори“.
Три од четирите голови фудбалерите на двете екипи постигнаа во првиот дел. Воска Спорт го отвори резултатот со голот на Теофил Силјаноски. Влазними изедначи преку Џелеши Рејхан, додека пред крајот на полувремето Воска Спорт го врати водството со погодокот на Мартин Нически. Во вториот дел Воска Спорт со трет гол во мрежата на Влазними ја запечати победата. Стрелец беше Роберт Усеинов.
Тимот на Сатеска за разлика од Воска Спорт го изгуби и третиот меч во Трета МФЛ. Подобра од Сатеска беше екипата на Победа Ивањевци која славеше со 2-0.
- Резултати:
Македонија Враништа – Црно Буки 0-2
Воска Спорт – Влазними 3-1
Победа Ивањевци – Сатеска 4-1
Преспа – Октиси 4-0
Новаци – Фљамуртари 5-0
Караорман – Белица 4-0
Кравари – Искра Мороишта 3-2
Лирија – Стрела Спорт 4-0
Табела: Караорман 9, Новаци 9, Воска Спорт 9, Кравари 9, Преспа 6, Влазними 6, Црно Буки 6, Лирија 3, Македонија Враништа 3, Победа Ивањевци 3, Октиси 3, Фљамуртари 3, Сатеска 0, Искра 0, Белица 0, Стрела Спорт 0.
OhridNews