Екипите на Преспа, Младост и Вулкан од Охрид ја делат лидерската позиција на табелата во Третата македонска фудбалска лига по завршување на првата полусезона.

Во последното 15-то коло Вулкан на домашен терен го совлада Кораб со 2-0, Младост со 3-2 славеше против Вардино додека првото место фудбалерите на Преспа го запечатија со убедливиот триумф над Кравари 6-1.

Втората полусезона ќе биде далеку поинтересна од првата во која ќе се одлучи патникот во бараж натпреварот за влез во Втората лига.

Табела : Преспа 35 бодови, Младост 35, Вулкан 35, Велешта 28, Кораб 27, Караорман 26, Влазними 22, Враништа 19, Поешево 19, Кравари 19, Лирија 18, Могила 18, Лабуништа 16, Вардино 16, Работник 8, Стрела Спорт 7.

 

Мх.П.