22-та рунда во Третата македонска фудбалска лига ќе ја одбележи пресметката помеѓу водечките екипи на табелата Лабуништа и Струга Трим Лум.
Во пресрет на дербито стружани се лидери на табелата со три бодови повеќе од предизвикувачот тимот на Лабуништа кој прв низ целта ја мина есенската полусезона.
Екипата на Сатеска на домашен терен против Кравари ја продолжува борбата за опстанок во Третата лига, додека Охрид гостува кај тимот на Фљамуртари.
Двојки: Кораб – Преспа, Сатеска – Кравари, Караорман – Пролетер, Лирија – Могила, Лабуништа – Струга Трим Лум, Велешта – Влазними, Фљамуртари – Охрид.
Табела: Струга Трим Лум 46, Лабуништа 43, Кораб 42, Кравари 37, Преспа 32, Охрид 31, Лирија 28, Влазними 28, Фљамуртари 24, Велешта 22, Пролетер 21, Караорман 20, Сатеска 19, Могила 18.
OhridNews