21-та рунда во Третата македонска фудбалска лига долго, долго ќе се памети по ефикасноста на екипите. На шест натпревари мрежите се тресеа вкупно 37 пати или во просек по шест погодоци.


Најефикасен беше натпреварот меѓу Лирија и Велешта, кој заврши во корист на гостите со неверојатни 9-7.

Во меч со десет погодоци екипата на Влазними со 7-3 го совлада Вулкан додека Караорман со 4-3 пред своите гледачи беше подобар од Преспа.

Хет трик за „црвените“ реализираше Ивица Ќелешоски додека еден погодок постигна Методија Милески.

Резултати : Лисолај – Фљамуртари 3-0, Лирија – Велешта 7-9, Караорман – Преспа 4-3, Вулкан – Влазними 3-7, Кравари – Кораб 0-0, Лабуништа – Новаци 1-0.

Табела : Велешта 48, Пресп 42, Лисолај 35, Кораб 32, Новаци 32, Караорман 31, Лабуништа 31, Кравари 30, Влазними 28, Фљамуртари 28, Лирија 17, Вулкан 11.

Мх.П.